Ел Класико викенд – Барса води со 1:0, кошаркарите го победија Реал Мадрид (Видео)

Кошаркарите на Барселона најавија успешен Ел Класико викенд и со победа против вечниот ривал Реал Мадрид со 79:72 направија добра подготовка за утрешното фудбалско дерби на двата вечни шпански ривали.

Домаќините ги разрешија сите дилеми во големото дерби уште по првото полувреме што го добија со 48:27, па во продолжението ја сочуваа победата, иако гостите беа подобри во вториот дел.

И без Никола Миротиќ, кој беше најавен за настап, но поради позитивен тест го прескокна дербито, Барселона доминираше во првото полувреме.

Кајл Курич со 15 поени беше најефикасен и кај Барса и на мечот, а одлични беа и Брендон Дејвис со 14 поени и Кори Хигинс со 13.

Кај Реал, кој доцна се разбуди прв стрелец беше Треј Томпкинс со 14 поени. Кралскиот клуб го доби второто полувреме со 45:31, но и тоа не беше доволно за победа.

Утре од 16 часот на Камп Ноу се игра фудбалското Ел Класико меѓу истите ривали.

 

- Оглас -

Најнови вести