Ел Класико во Мадрид не е Ел Класико ако нема победник

5614 Ал-Вехда – Ал-Хилал (18.30 часот)

Азискиот првак Ал-Хилал има 11 бода помалку од лидерот на табелата во саудиското првенство Ал-Наср, но Ал-Хилал има и три меча помалку, па вечерва треба да почне да ја топи негативата која ја има во однос на тимот на Кристијано Роналдо. Ал-Вехда е тим од долниот дел на табелата, но освоија четири бода во претходните две кола. Ал-Хилал има само еден пораз сезонава, за домашните и бод би бил успех. Последните пет меѓусебни дуели им завршуваа со 3+ голови и секогаш имаше победник.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.84)

 

2895 Антверпен – Ројал Унион (20.45 часот)

Ова е реванш-дуел од полуфиналето на белгискиот куп. Првиот меч заврши со победа на Ројалистите од 1-0, а нема да биде изненадување ако и на реваншот победи Ројал. По тој пораз пред еден месец, Антверпен имаше по две победи и ремија, сите тие мечеви беа со 0-2 гола. Ројал унион во последните две кола од првенството губеше со по 2-4. Антверп е опасен домаќин, а тоа го покажа и во август, кога победи со 4-2. Во јануари, Ројал пак даде два гола, но тогаш играше дома и победи со 2-0.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.96)

 

1324 Реал Мадрид – Барселона (21.00 часот)

Кога играат Реал и Барса во Мадрид, веќе десет години по ред секогаш има победник. Ова е прв меч од полуфиналето на Купот, натпреварување кое Кралскиот клуб го нема освоено уште од 2014 година. Реал има проблем на позицијата лев бек, повредени се Алаба и Менди, а Анчелоти најави ротации во средниот ред и нападот. Кај Барса ќе ги нема повредените Левандовски, Дембеле и Педри. Барса ги загуби претходните два меча, од Алмерија и Манчестер јунајтед, па ќе треба да се вади. Овие гиганти двапати играа меѓу себе сезонава, двапати беше 3-1. Прво славеше Реал во Ла Лига, па Каталонците вратија во Суперкупот.

Предлог тип: ГГ (1.69)

 

2836 Де Графшап – Ајакс (21.00 часот)

Четвртфиналето на Купот во Холандија се игра во еден меч, па за Ајакс нема простор за калулирање ако сака да ја мине пречката. Сите статистички показатели се на страна на гостите од Амстердам. Де Графшап е актуелен второлигаш, а во последната нивна сезона како прволигаш, тоа беше 2018/2019, двата меча против Ајакс ги загуби со вкупна гол-разлика 1-12.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.74)

 

8486 Партизан – Алба Берлин (21.00 часот)

Белград е омилено место за гостување на Алба, но кога берлинскиот тим игра со Црвена ѕвезда. Алба е последна на табелата во Евролигата само со 7 победи на 25 меча, додека Партизан е во добра ситуација да се најде во плејофот и победата над Германците им е потребна. Црно-белите се шести, но и десеттиот Жалгирис има ист биланс како нив. Во октомври, во Берлин, Алба му даде 100 поени на Партизан и го победи со 16 поени разлика.

Предлог тип: >169.5 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести