Ел Класико во полуфиналето на шпанскиот куп

Барселона и Реал Мадрид ќе одиграат два меча од популарното Ел Класико, овојпат во полуфиналето на шпанскиот куп. Така одлучи денешната ждрепка, а во второто полуфинале ќе играат Бетис и Валенсија.

Првите дуели ќе се играат на „Камп ноу“ и на „Бенито Вилјамарин“ во Севилја на шести февруари, а реваншите се закажани за 27-ми февруари во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ и на „Месталја“ во Валенсија.

Трофејот го брани Барселона, а финалето годинава ќе се игра на стадионот на Бетис, на 25-ти мај.

 

- Оглас -

Најнови вести