Ел Класико во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп

Барселона и Реал Мадрид ќе се сретнат во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија во следната сезона. Во претходните изданија намерно двата шпански гиганти беа одвојувани во полуфиналната фаза со цел да се дочека Ел Класико битка за трофејот.

Сепак, тоа нема да биде случајот во сезоната 2021/22, а победникот од ова дерби ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Атлетик Билбао и новиот шампион Атлетико Мадрид. Најверојатно турнирот повторно ќе се одржи во Саудиска Арабија, но официјално место на настанот и датумо допрва ќе се потврдуваат.

- Оглас -

Најнови вести