Ел Матадор преставен на „Олд Трафорд“, ќе го носи „светиот“ број

На помалку од еден час до завршувањето на летниот преоден рок, Манчестер јунајтед го промовираше Единсон Кавани како нов играч на гигантот од „Олд Трафорд“. Кавани, кој досега играше за Пари Сен Жермен, во Манчестер доаѓа како слободен играч.

Уругвајскиот голгетер потпиша договор на една година, со можност за продолжување на соработката. За каков играч се работи, доволно говори и фактот дека беше најдобар стрелец во првенствата во Франција и Серија А во Италија. На клупско ниво има постигнато 341 гол откако во 2007 година пристигна во Европа.

„Манчестер јунајтед е еден од најдобрите клубови во светот и голема чест ми е што сум тука. Сакам да продолжам да ја пишувам мојата фудбалска приказна со успешни настапи за Манчестер. Едвај чекам да дозволат навивачите да се вратат на трибините и да ја почувствувам магичната атмосфера на „Олд Трафорд“, рече Кавани на промоцијата во новиот клуб.

Кавани ќе го носи дресот со бројот 7, кој го носеле многу прославени играчи на најтрофејниот англиски клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести