4.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Елче го сопре Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид приреди разочарување за своите навивачи со тоа што одигра само 2-2 против Елче во последниот денешен натпревар од Ла Лига. Овој исход најмногу ѝ одговара на Барселона, која ја намали разликата и сега заостанува само еден бод зад „кралевите“.

Елче продолжува да важи за специјалист за ремија оваа сезона, во тринаесетте одиграни кола, тимот запиша дури седум натпревари без победник, што е највисок број во лигата, израмнет со Селта Виго која исто така има седум ремија.

Фебас во 53-тата минута донесе водство за Елче, а Реал израмни преку Хаусен во 78-та минута.


Но, домаќинот повторно дојде до предност од 2-1, со голот на Алваро Родригез во 84-та минута. Белингам повторно израмни три минути подоцна, но Реал немаше сили за да стигне и до триумф.

- Оглас -

Најнови вести