5.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Елче против Барселона направи подвиг кој не се памти многу одамна

Елче е еден од трите клубови кои во оваа сезона се промовираа во нови примералигаши, а според досега одиграното, тоа е тим кој нема да се плаши дали ќе обезбеди опстанок. Елче вечерва загуби на гостувањето кај Барселона, но тоа и беше очекувано.

Сепак, Елче не се посрамоти на теренот на каталонскиот гигант, иако загуби со 3:1. По завршување на мечот, статистиката покажа дека гостите имале поголем посед на топка. Елче во свој посед имале 51 отсто посед на топката, додека Барселона остана со 49 отсто контрола на топката во своите нозе.

Аналитиката на „Опта“ потврдува дека откако во 2005 година се воведени овие статистички параметри, Елче е првиот клуб кој од втора влегува во прва лига, да има поголем посед на топка во дуел против Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести