Елче се врати во шпанската елита и тоа со убедлива победа кај Депортиво Ла Коруња (Видео)

Екипата на Елче има многу причини за голема радост. Во последното коло од Сегунда дивисион, Елче на гостински терен кај Депортиво Ла Коруња славеше со 4:0 и на тој начин обезбеди место во шпанската Примера дивисион за следната сезона.

По завршување на 42-те кола во втората шпанска лига, Елче стигна до 77 бодови, само два помалку од шампионот Леванте, но што е побитно и два повеќе од Мирандес и Овиедо кои чекаа кикс.

Екипите кои завршија од третото до шестото место во Сегунда, а освен Мирандес и Овиедо тука се и Расинг Сантандер и Алмерија ќе разигруваат во плејофот за третото место кое води во шпанското елитно друштво.

Од Примера дивисион испаднаа Леганес, Лас Палмас и Валјадолид.

- Оглас -

Најнови вести