Елеганција на Маноло: Градското дерби за Сампдорија (видео)

Сампдорија го доби градското дерби против Џенова со минимални 1-0. Драматичната пресметка во која повеќе се видоа остри дуели и цврста игра, го реши Маноло Габијадини во 85-тата минута.

Раниери го пушти својот џокер во игра десетина минути пред да ја затресе мрежата на домаќините, а мајсторската завршница од околу дваесетина метри беше доволна за Сампдорија да остане непоразена и во седмиот меѓусебен дуел против лутиот ривал.

Горан Пандев поради суспензија не беше во можност да помогне на својот тим да го избегне деветтиот пораз сезонава, по кој Џенова останува на 11 бода и на претпоследното место на табелата. Сампдорија излезе од црвената зона на 17-тото место, со 15 бода.

https://www.dailymotion.com/video/x7p633y

- Оглас -

Најнови вести