36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Елените и Јанис немоќни против „дивите телиња“ и диригентот Дончиќ (Видео)

Далас маверикс беше подобар од Милвоки бакс со 128-112, што за Дивите телиња од Тексас ова е петта победа во петтиот контролен натпревар во претсезоната во НБА-лигата. Лука Дончиќ (27 поени, 8 скока, 4 асистенции) и Џош Ричардсон (23 поени и седум скока) заедно дадоа 50 поени и беа предводници на Далас.

Не само поради овој пораз, туку и поради неизвесноста околу нов договор на Јанис Адетокумбо и други елементи, аналитичарите во САД сметаат дека Милвоки во оваа сезона ќе биде послаб отколку во минатата сезона. Пред нив е доста работа, чекаат подобри бројки од новиот играч Џру Холидеј, кој уште не е доволно вклопен. Адетокумбо имаше 24 поени за 27 минути, но Бакс како тим доби лекција од Лука и другарите.

https://twitter.com/i/status/1338692714334986241

 

- Оглас -

Најнови вести