Елените не се толку опасни без Јанис, во Денвер ги чека пораз

Денвер нагетс – Милвоки бакс (02ч)

Без Адетокумбо, Милвоки не делува толку опасно. Затоа лидерот на Истокот вчера загуби од Феникс, а сега слична судбина ги чека и на гостувањето во Денвер. Нагетси се во тесна битка со Клиперс за втората позиција на Западната конференција, а со евентуална победа ќе го изедначат учинокот со тимот од Ел-Еј.

Бакси инаку загубија од Денвер и со Јанис во тимот во првата овосезонска пресметка и тоа пред свои навивачи, па затоа се предвидува дека и ноќеска ги очекува пораз.

Предлог тип: 1хен. -5,5 поени (1.90)

 

Треј Јанг (Атланта хокс – Шарлот хорнетс, 00:30ч)

По краткиот одмор поради настинка, Јанг се врати на терените со скромни 16 поени против Мемфис. Но, од првата ѕвезда на Атланта се очекува да се врати во своето познато светло, а тоа е редовно одржување на сезонскиот просек од 29,4 поени по натпревар.

Против Шарлот му успеа да ја стигне границата од 30 поени во првата средба која Атланта ја доби на гости, а сега и на домашен терен Јанг ќе треба да ги надигра Стршните.

Предлог тип: Јанг >29,5 поени (1.87)

 

Јута џез – Торонто репторс (02ч)

По успешната турнеја во која Јута оствари четири победи и имаат една на домашен терен од претходно, Џезерите ќе се обидат да го одржат победничкиот ритам и против актуелниот шампион. Торонто ја доби првата овосезонска пресметка против Јута со 130:110, меч во кој блескаше Паскал Сијакам со 35 поени.

И Репторси фатија позитивен ритам пред овој меч со три триумфи во серија, а тоа значи дека средбата ноќеска ќе биде неизвесна и доста интересна. Јута сака да го одржи чекорот со Денвер и Клиперс за повисок пласман, па можно е првакот да падне во Солт Лејк сити.

Предлог тип: 1 хен. -4,5 поени (1.90)

 

Сент Луис блуз – Флорида пантерс (01ч)

Сент Луис ќе сака да оствари двојна победа против тимот од Флорида откако го доби и првиот дуел со 3-2 на гости. Но, Пантерите излегоа од кризата и ќе се трудат максимално да не претрпат нов лош резултат само по една добра партија. Од претходните меѓусебни пресметки може да се заклучи дека Сент Луис и Флорида редовно си ги полнат мрежите, па така ќе биде и во оваа средба.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.54)

 

Едмонтон ојлерс – Вегас голден најтс (02ч)

Триумф за Едмонтон ќе значи преземање на четвртата позиција на табелата во Западната конференција, а воедно Нафташите ќе се изедначат со вечерашниот противник по бројот на бодови по 70 натпревари во регуларната сезона. Тимот од Вегас памети само една победа во „Роџерс плејс арената“ во вкупно четири гостувања, a исто така треба да се знае дека сезонава Златните витези не се толку опасни гости, имаат еден пораз повеќе во вкупно 33 гостувања, па нема да биде изненадување ако претрпат уште еден.

Предлог тип: 1 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести