Елените реваншистички настроени кон Рептилите

Милвоки бакс – Торонто репторс (Кошарка, НБА, 01.00 часот)

Во минатата сезона, овие тимови играа во финалето на Истокот, и канадскиот клуб излезе како победник со 4-2, иако Милвоки водеше со 2-0. Затоа, мотивот кај Милвоки за победа вечерва се огромни. Ако Бакс триумфира над Репторс, двата тима ќе имаат по 4-2 после шест натпревари. По заминувањето на Ленард, опасно оружје на Торонто е Сиакам, кој трипати сезонава даде над 30 поени, но тој ќе мора да игра и одбрана против Адетокумбо, па нема да му биде лесно да постигне 25 поени.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Голден Стејт вориорс – Шарлот хорнетс (Кошарка, НБА, 01.30 часот)

Без повредените Кари и Томпсон, и по заминувањето на Дурант, Голден стејт е во огромен проблем, како тргнале, може дури и да останат без место во плејофот. Но, проблем на тимот од Сан Франциско не е неефикасноста, туку одбраната. На сите мечеви сезонава Голден стејт прими 110 или повеќе поени. Последното гостување на Хорнетс кај Голден стејт нема да го паметат по добро, загубија со 47 поени разлика, но сега Воините не се толку моќни.

Предлог тип: >220.50 (1.77)

 

Портланд трејлблејзерс – Филаделфија 76 ерс (Кошарка, НБА, 03.00 часот)

Филаделфија не знае за пораз, и тоа е мотив за Портланд, кој би сакал да биде првиот што „ќе им ја отвори сметката“ во графата порази. Портланд има 3-2, доби три од последните четири натпревари, па на гостите нема да им биде лесно да останат единствениот непоразен тим во лигата. Треба да се знае дека кај Филаделфија ќе го нема првиот центар Ембид кој е суспендиран, но и кај Портланд ќе фалат високи играчи како Нуркиќ, Гасол, можеби и Вајтсајт.

Предлог тип: 1 (1.87)

 

Бафало сејбрс – Њујорк ајлендерс (Хокеј, НХЛ, 03.37 часот)

Њујоршките островјани имаат серија од осум победи по ред, од кои три беа по продолжение, а пет чисти во регуларниот дел. Бафало е трети на Истокот, се наоѓа пред Ајлендерс на табелата, но во последно време не игра добро и има три порази на последните пет меча. За Сејбрс, ова е шанса да се врати на правилниот пат, но ривалот е во налет и нема намера да застане. Кој сака да брка голема квота, нека се обиде тука.

Предлог тип: Х (4.25)

 

Лос Анџелес кингс – Чикаго блекхокс (Хокеј, НХЛ лига, 03.30 часот)

Ова е дуел на два тима кои се големи разочарувања, и се наоѓаат при дното на табелата на Западот. Кингс е последен, а Чикаго трети од долу. Тоа е премалку за вакви популарни клубови, па затоа двата тима се под притисок што побрзо да излезат од кризата. И едните и другите имаат само по една победа на последните пет меча. Од последните нивни шест меча во ЛА, четири завршија нерешено во регуларниот тек.

Предлог тип: Х2 (1.57)

- Оглас -

Најнови вести