Екипата на Работнички го престави второто засилување во летниот преоден рок, а тоа е Дашмир Елези. Се работи за 20-годишен напаѓач кој важеше за голем талент во мак-фудбалот.
Елези потпиша тригодишен договор со Работнички каде дојде како слободен играч.
Минатата сезона тој настапуваше за тимот на Приштина, а претходно има играно и за Шкендија и Локомотива од Загреб.
Елези треба да биде засилување за Романтичарите во пресрет на квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.