Македонскиот репрезентативен фудбалер, Елиф Елмас, има добри понуди од Германија, и не е исклучено до крајот на преодниот рок да се пресели од Наполи во некој бундеслигаш.
Елмас на отворањето на сезоната во Серија А против Фрозиноне, беше резерва и ги одигра само завршните 15 минути од мечот.
Агентот на Елмас, Џорџ Ганди, има интересни понуди од Германија, и сака да знае каде се наоѓа Елиф во плановите на тренерот Руди Гарсија. Елмас има договор до Наполи до 2025 година.