16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Елиф Елмас не беше ниту на клупата за резерви, Наполи лесно ја победи Верона (Видео)

Екипата на Наполи без нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, успеа да забележи победа од 3-1 на гостувањето кај Верона. Нашиот “дијамант“ воопшто не беше во записникот од натпреварот, а не се познати причините за ваквото нешто.

Политано во 27-мата минута го донесе Наполи во водство од 0-1, а грузиецот Кварацкелиа во 43-тата и 55-та минута ја најави убедливата победа на Наполи. Екипата на Верона преку Лазовиќ во 60-тата минута само успеа да постигне почесен погодок на овој натпревар.

Наполи со оваа победа дојде во 17 бодови, колку што имаат и Јувентус и Фиорентина и сега е делба на третата позиција.

- Оглас -

Најнови вести