Елиф Елмас повторно позитивен, го пропушта дербито со Јуве, ако воопшто се игра?

Елиф Елмас повторно бил позитивен на тестирањето за коронавирус, но информацијата на некои италијански медиуми уште не е официјално потврдена од Наполи. Од клубот потврдија дека член на стручниот штаб е позитивен, и дека уште се чекаат резултати од тестирањата на некои фудбалери.

Елмас со останатите играчи на Наполи отпатува во Торино на гостувањето кај Јувентус, и засега нема најави дека средбата ќе биде одложена, но сите опции се во игра во наредните часови.

Македонскиот фудбалер се зарази додека беше во Скопје, и откако доби два негативни теста, замина во Италија.

- Оглас -

Најнови вести