Елиф Елмас се сели во Интер!

Македонскиот репрезентативец и голем талент Елиф Елмас се наоѓа пред трансфер на кариерата. Од Турција стигнаа информации дека Елмас ќе биде ново засилување на Интер, а за возврат Фенербахче ќе добие 11 милиони евра.

Најавено е дека Елмас треба само да ги договори условите со италијанскиот гигант, а во најбрзо време треба да пристигне во Милано каде ќе го изврши медицинските прегледи.

Супер-талентираниот играч за врска иако има клаузула од 23 милиони евра во договорот со Фенербахче, се чини дека турскиот клуб ќе му дозволи да замине за помала сума, а воедно Елмас ќе си ја исполни желбата да облече дрес на европски гигант.

Тој би требал да биде првото засилување на Интер откако на клупата седна Антонио Конте, а веќе од претходно е најавен ангажманот на Диего Годин.

- Оглас -

Најнови вести