Македонскиот фудбалски дијамант, Елиф Елмас, денеска го прославува својот 23-ти роденден. Елиф е со репрезентацијата и денеска треба да се врати во родниот град Скопје, каде ќе може да прослави, и потоа да се фокусира на задутрешнот дуел со Бугарија за крај на сезоната во Лигата на нации.
Честитка за Елиф преку социјалните мрежи дојде од неговиот клуб Наполи и претседателот Аурелио Де Лаурентис.