И покрај тоа што има заслужена пауза по исцрпувачката сезона и настапот на Европското првенство, Елиф Елмас не мирува. Македонскиот репрезентативец ги започна подготовките за новата сезона, и тоа на необичен начин. Дијамантот имаше тренинг по бокс.
Со ракавици на рацете, Елмас покажа дека е одлично подготвен и сигурно со нетрпение ја очекува новата сезона во која треба да добие поголема минутажа во дресот на Наполи и да ги покажаже своите квалитети.