32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Елиф Елмас за рекорден трансфер на македонски фудбалер ќе стане играч на германски Лајпциг

Елиф Елмас од следниот месец ќе го носи дресот на германски Лајпциг. Македонскиот репрезентативец за трансфер од 25 милиони евра ќе замине од Наполи и ќе потпише за бундеслигашот во јануарскиот преоден рок. По новиот договор, Елмас ќе треба да го носи дресот на Лајпциг до јуни 2028 година.

Германскиот тим подолго време го следеше Елмас, а денеска стигна најава дека Наполи ја прифатил понудата од 25 милиони евра за реализација на трансферот. Договорот ќе биде потврден по стартот на зимскиот преоден рок на 1 јануари 2024 година.

Ова ќе биде најскап трансфер на еден македонски фудбалер во историјата, а Елмас во Лајпциг треба да го носи дресот со бројот 6.

Елмас во Наполи дојде во 2019 година и за четири ипол сезони досега одигра 185 натпревари и постигна 19 голови. Минатата сезона Елмас се радуваше на титулата во Серија А со што стана втор македонски фудбалер по Горан Пандев што стигнал до Скудетото во италијанското првенство.

Претходно Елмас има играно и за Фенербахче во Турција и Работничи во родната Македонија.

- Оглас -

Најнови вести