Елиф Елмас изминатово деноноќие е актуелен меѓу италијанските медиуми, а покрај тоа што тој често се споменува во најавата за мечот меѓу Италија и Македонија, тука се и трансфер-шпекулациите.
Наводно, Интер и Милан се подготвени да влезат во борба за македонскиот дијамант, којшто би бил ослободен од обврските со Наполи за околу 60 милиони евра. А ако гледаме според солидарниот фонд на ФИФА, тогаш клубовите каде што тренирал Елмас во периодот од 12 до 22 години (освен Наполи) ќе добијат пет отсто од целата сума на трансферот.
Тоа значи дека Фенербахче и Работнички би поделиле речиси по еден милион и 250 илјади евра, со оглед на тоа дека поголемиот дел е за нашиот тим бидејќи подолг период мина во Работнички (вклучувајќи ги и младинските категории).
Добрата вест за Работнички е и што со секој следен трансфер на Елмас, заедно со Фенербахче, но и мал дел Наполи ќе делат пет отсто од целата сума.
Овој фонд на ФИФА е создаден со цел да им се помогне на малите клубови да продолжат активно да работат со своите академии.