Елиминицијата од Денвер беше пресудна: Феникс го отпушти тренерот

Екипата на Феникс санс одлучи да му врачи отказ на досегашниот тренер Монти Вилијамс, откако беа елиминирани од Денвер со 4-2 во полуфиналето на западната конференција.

Вилијамс минатата година беше прогласен за најдобар тренер во НБА лигата, но годинешниов пласман не беше задоволителен за раководството на клубот. Феникс со Вилијамс на клупата три сезони по ред играше во плеј-офот, а најдобриот резултат го имаа во 2021-вата година кога играа во големото финале на НБА и беа поразени од Милвоки.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести