15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Елиот се однесуваше како идиот кон девојчето, а судијата доби пофалби за реакцијата (Видео)

Францускиот тенисер Елиот Баншетри успешно ги мина квалификациите на Отвореното првенство на Австралија и доцна вечерва игра со Јапонецот Јуичи Сугита во првото коло на главниот турнир, но нема да биде миленик на публиката откако се појави снимка на која тој со непристоен потег налути многумина со своето однесување за време на пауза на последниот меч од квалификациите.

Девојчето кое ги собира топчињата на Баншетри му понуди да земе банана, а 21-годишниот Французин дрско побара од неа таа да му ја излупи бананата. Збунетото девојче не знаеше што да прави, а, за среќа ,слушна судијата Џон Блом и му рече на тенисерот сам да си ја излупи, а ако не може со раце, тоа да го направи со заби.

Тенисерот кој е на 229-тото место на АТП-листата мораше сам да ја излупи бананата и покрај бандажираните прсти и продолжи да се расправа со судијата.

https://www.youtube.com/watch?v=ntcrjpR6ZKk

- Оглас -

Најнови вести