Елитниот европски фудбал во Квотите на денот може да донесе одлична добивка (фото)

Денешните Квоти на денот се од натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 53.10.

Првиот предлог ја има најголемата квота, која изнесува 2.45. Таа се добива ако на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Галатасарај се одигра дека двата тима ќе постигнат гол, а Црвените ѓаволи барем двапати ќе ја затресат мрежата на турскиот шампион.

Во Ајндховен играат ПСВ и Севиља и тука предлогот е да се одигра дека холандскиот тим нема да загуби, а притоа и двата тима ќе постигнат гол.

Најмалата квота е од натпреварот на „Џузепе Меаца“ меѓу Интер и Бенфика и изнесува 1.95. Оваа квота ќе се добие ако се одигра дека Интер нема да загуби и притоа ќе постигне барем два гола.

Арсенал, кој игра одлично на почетокот од сезоната, е фаворит да дојде до нова победа во ЛШ иако игра на гости кај Ланс. За играта Арсенал да слави и притоа да биде постигнат барем еден гол во првото полувреме, квотата изнесува 2.20.

Најинтересниот меч ќе се игра во Неапол, каде што Наполи го пречекува Реал Мадрид. Квота од 2.15 се добива ако двата тима ќе ја затресат мрежата и притоа ќе биде постигнат барем по еден гол и во првото и во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести