Елмас асистираше за победа над Јувентус, претходно ВАР скрати радост на Старата дама (Видео)

Наполи по четврти пат во својата историја успеа во една иста сезона двапати да го победи Јувентус. Вечерва во Торино, наполитанците славеа со 1-0 и си задржаа шансите титулата да ја прослават уште на 30-ти април.

Елиф Елмас влезе во игра во 68-ма минута и беше асистент при убавиот гол на Распадори во 92-ра минута.

Претходно, при 0-0 на Јуве му беа поништени два гола, од кои едниот по интервенција од ВАР собата, за фаул во зачетокот на акцијата, десетина секунди пред голот на Ди Марија.

 

- Оглас -

Најнови вести