Наполи ја совлада Пиза со 3-2 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и го продолжи максималниот ефект во Серија А оваа сезона. Тимот на Антонио Конте сега има 12 бода по четири одиграни натпревари.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и одигра еден час, а Наполи беше подобар тим, но на крајот можеше и да остане без триумф, затоа што спасуваше голманот Алекс Мерет.
Били Гилмор во 39-тата минута донесе водство за Наполи, а претходно Елмас постигна гол, но не беше признат поради офсајд ситуација во која се најде Расмус Хојлунд.
Нзола од пенал израмни на 1-1 во 59-та минута, а потоа Леонардо Спинацола постигна фантастичен гол во 73-тата минута. Лоренцо Лука зголеми на 3-1 во 82-та минута и избраниците на Конте помислија дека сѐ е готово, но Лоран во 90-минута ја врати неизвесноста пред шесте минути судиско надополнување. Сепак, на крајот Наполи стигна до победа.