13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Елмас беше стартер, Наполи загуби од Болоња (Видео)

Италијанскиот првак Наполи загуби на гостувањето кај Болоња со 2-0 и не успеа да го искористи „киксот“ на Милан во трката за врвот. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и играше до 68-та минута во својот меч број 200 за Наполи, а на негово место влезе Ноа Ланг.

Далинга во 50-тата минута го постигна првиот гол за Болоња, а триумфот го потврди Џон Лукуми во 66-та минута.

Џенова и Фиорентина одиграа 2-2на стадионот „Луиџи Ферарис“.

- Оглас -

Најнови вести