13.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Елмас без минутажа во рутинскиот триумф на Наполи

Наполи славеше со рутинирани 2-0 против Верона во мечот од осмото коло од Серија А за петти триумф сезонава. Трите бода за избраниците на Карло Анчелоти ги донесе Акрадиуш Милик, кој ја тресеше мрежата на гостите на двапати во двете полувремиња.

За жал, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса да истрча на теренот на „Сао Пало“, иако Анчелоти можеше да го искористи како една од двете замени кои му преостанаа по вториот погодок на Полјакот.

Милик прво прослави гол во 39-тата минута по проигрувањето на Фабијан Руиз, а потоа во 67-та минута ги разреши сите дилеми.

- Оглас -

Најнови вести