Фенербахче издвои реми од 1-1 во градското дерби против Галатасарај благодарение на македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас. Супер-талентираниот играч за врска го постигна голот за израмнување на домаќините, во моменти кога на теренот беа со 10 играчи, поради исклучувањето на Калдирим во првиот дел.
Онјекуру во 66-тата минута донесе водство за гостите, а Елмас одговори само пет минути подоцна. Ова е втор погодок на Елмас во 25 првенствени натпревари за Фенербахче оваа сезона.
https://www.dailymotion.com/video/x75tyg2