Лајпциг ремизираше 2-2 на гостувањето кај Аугзбург во средба од Бундеслигата, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше околу половина час, што е негова убедливо најголема минутажа откако е член на Црвените бикови.
После ова реми, Лајпциг е петти на табелата, а Елмас влезе во игра во 68-ма минута на местото на Дани Олмо, кој можеби и доби поштеда, затоа што за неколку дена на тимот му претстои дуел со големиот Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Во 81-ва минута при 2-2, беше досуден пенал за Лајпциг, но Опенда лошо ги изведе и голманот Дамен немаше проблем да го одбрани шутот од 11 метри.