Елиф Елмас беше во фокусот на вниманието пред почетокот на натпреварот меѓу Наполи и Аталанта од Серија А, иако не беше во почетниот тим на Наполитанците. Клубот го одбележа неговиот 200-ти настап за Наполи, кој всушност го оствари на претходниот дуел против Болоња.
Македонскиот репрезентативец играше за Наполи од 2019 до 2024 година, а пред почетокот на оваа сезона се врати во тимот откако претходно настапуваше за Лајпциг и за Торино.
Во текот на овие 200 натпревари, Елмас постигна вкупно 19 голови, а оваа сезона сè уште чека на првиот погодок во дресот на Наполи.

