Елмас добива нов соиграч: Наполи го доведе играчот на Манчестер јунајтед

Екипата на Наполи го доведе на позајмица младиот и талентиран играч, Аксел Туанзебе.

Дефанзивецот, кој изминативе неколку сезони мина на позајмица во Астон Вила, сега ќе се пресели во Наполи.

Туанзебе ќе биде соиграч на Елмас до крајот на сезоната, за што Наполи ќе плати 500 илјади евра на Премиерлигашот. Тој ќе биде замена за Колибали, кој ќе треба наредниот период да биде активен на африканскиот Куп на нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести