Италијанскиот шампион Наполи ќе се обиде да го доведе Дани Себаљос по новата тешка повреда на Кевин де Бројне.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, сака засилување во средината на теренот во зимскиот трансфер-прозорец бидејќи е очигледно дека Белгиецот ќе мора долго да паузира.
Се чини дека Дани Себаљос е идеална цел бидејќи Шпанецот не е во прв план ниту кај Чаби Алонсо.
Себаљос минатото лето одби да се врати во Бетис верувајќи дека конечно ќе добие вистинска шанса по заминувањето на Лука Модриќ, но тоа не се случи.
Наполи дефинитивно е привлечна дестинација, ќе се бори повторно за Скудетото, иако италијанскиот тим не е многу конкурентен во Лигата на шампионите.

