Наполи покажа знаци на живот по победите против Јувентус и Сампдорија, но по шокантниот пораз од Лече со 2-3 на домашен терен, тим кој се бори за опстанок, управата не е сигурна дека Џенаро Гатузо е вистинскиот човек да раководи со клупата. На експредводникот на Милан му завршува соработката со италијанскиот вицепрвак по крајот на оваа сезона и многу веројатно Наполи нема да ја продолжи.
Тоа значи дека Елиф Елмас ќе добие нов тренер, трет во една година откако Наполитанците се ослободија од Карло Анчелоти кон крајот на декември 2019 година. Претседателот Де Лаурентис, наводно, веќе ги разгледува опциите, меѓу нив се тренерот на Аталанта Џампјеро Гасперини и Лучијано Спалети, кому последен ангажман му беше клупата на Интер.
Евентуална елиминација во полуфиналето од Купот на Италија, каде што Наполи ќе се соочи со Интер, дополнително ќе му ја одреди судбината на Гатузо.
По 23 натпревари во Калчо лигата, Наполи стои на 11-тото место со 30 бода, а веќе претрпе 9 порази.