Елиф Елмас е оптимист пред двата претстојни квалификациски натпревари за СП, против Лихтенштајн и Германија.
Еден од нашите најдобри репрезентативци се надева на сите шест бода, но е и свесен дека треба да се поправат одредени сегменти во играта.
„Свесни сме дека треба да ја подобриме реализацијата и некои други работи, но верувам дека ќе го поправиме тоа. Лихтенштајн е компактна репрезентација којашто одлично се брани и, верувајте, не ги гледаме како тест пред дуелот со Германија.
Посакуваме шест бодови, но знаеме дека нема тоа да биде воопшто лесно“, изјави Елмас.
Како што е познато, Македонија за три дена му гостува на Лихтенштајн во Вадуз, додека на 11 овој месец ќе се соочи со Германија на Арената „Тодор Проевски“ во Скопје.