Неиграњето на повредените Осимен, Инсиње и Унас и позитивниот на ковид Политано го принудија тренерот на Наполи за денешното гостување од Лигата на Европа кај Спартак Москва да „измисли“ напаѓачи, па изборот му падна на Петања како централен напаѓач и Лозано и Елмас како крила.
Мечот почнува во 16.30 часот, а за македонскиот репрезентативец не е првпат да биде ставен да игра како крило во офанзивниот ред, иако тоа и не му е природна позиција, но сестраноста му помага да се снајде.