-2.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Елмас е „невидлив“, но тактички врши голема работа, фундаментален е за Конте

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, летоска инсистираше клубот да го донесе Елиф Елмас макар и на позајмица од Лајпциг, а периодов доаѓа и одговорот зошто Конте го сакаше Македонецот во својот тим. 

„Елиф Елмас често извршува не толку видлива работа на теренот (иако му асистираше на Мектоминај за израмнување на 1-1), но беше клучен против Интер. Тактички интелигентен, разновиден и тешко предвидлив за противниците. Конте силно го сакаше во Наполи, а силните настапи на Македонецот докажуваат дека е во право“, стои во анализа на италијански медиуми блиски до Наполи за изданието на Елмас против Интер. 

- Оглас -

Најнови вести