Елмас е оптимист: Шансите за Македонија и Италија во баражот се еднакви

Елиф Елмас имаше фантастична партија вчеравечер на „Камп ноу“, каде што го прати по „бурек“ Жорди Алба.

Македонскиот репрезентативец по крајот на средбата против Барселона говореше за медиумите, а дел од прашањата беа поврзани и со претстојниот бараж-натпревар меѓу Италија и Македонија, кој се игра во Палермо.

„Секако дека доколку се пласираме на Светското првенство во Катар оваа година, ќе биде голем успех за нас. И да ја минеме Италија, ќе направиме голема работа, а јас сметам дека шансите на Македонија и на Италија се израмнети иако Италија е огромен фаворит“, изјави Елмас.

Средбата меѓу нашата селекција и актуелниот европски првак ќе се игра на 24 март, со почеток од 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести