Елиф Елмас вечерва се запиша со златни букви во историјата на Наполи освојувајќи ја шампионската титулата во Серија А. Наполи ремизира на гостувањето кај Удинезе (1:1) и на пет кола до крајот има 80 бода, дури 16 повеќе од второпласираниот Лацио.
За навивачите на Наполи заврши 33-годишниот пост, односно по последната шампионска титула во Серија А, а свој удел во освојувањето на титулата има и Елиф Елмас, кој стана вториот Македонец што го крева шампионскиот пехар.
Освен Елмас, шампионската титула во Серија А ја освоил само легендарниот Горан Пандев. Пандев како член на Интер во сезоната 2009/10 беше најдобар во Серија А, а истата година триумфира и во Лигата на шампионите и го освои и Купот на Италија.
Пандев и Елмас се едиствените Македонци кои освоиле титула во една од петте најсилни европски лиги.