26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Елмас ги одбива сите други понуди, сака само во Наполи

Желбата на Елиф Елмас е да игра за Наполи и не размислува на други опции. Македонскиот фудбалер сака да се врати во Наполи, а и италијанскиот првак го сака Елмас, па доставија првична понуда до Лајпциг. 

Денешното издание на „Кориере дело спорт“ објави текст во кој пишува:

„Елмас му беше продаден на Лајпциг во јануари 2024 година за 24 милиони евра, откако пристигна во 2019 година од Фенербахче за 17,7 милиони евра, вклучувајќи бонуси. Наполи сега има цел да го откупи назад за половина од цената која ја доби од Лајпциг пред година и пол, со спроведување формула што им овозможува да ја распределат цената. Понудата што е дадена е јасна: позајмица со опција за откуп поставена на сума од 11-12 милиони евра. Оваа формула е дизајнирана да се заштити себеси, со оглед на тоа што обврската за купување не го убедува Наполи“.

Лајпциг не сака поворно да го позајми Елиф и бара траен трансфер како што правеше и во преговорите со Торино.

Но, времето истекува. Лајпциг не смета на Елмас, контактите со Наполи продолжуваат, Италијанците веруваат дека Германците конечно ќе ги прифатат нивните услови. И Елмас притиска за враќање во Наполи, не размислува на други алтернативи.

- Оглас -

Најнови вести