Најталентираниот македонски репрезентативец Елиф Елмас, заедно со младата ѕвезда на Ајакс, Матајс Де Лихт, денес се главни теми во Италија. Се одборуваат часовите кога двата најавени трансфери ќе се остварат. Италијанските медиуми тврдат дека Де Лихт денес ќе ја официјализира преселбата во редовите на Јувентус, додека под Везув го чекаат Елмас кој треба утре да ја заврши работата.
https://twitter.com/DiMarzio/status/1149790272831873024
Реномираниот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, ги откри деталите околу трансферот на нашиот „дијамант“. Фенербахче ќе заработи 16 милиони евра од продажбата на Елмас, а ќе бидат вклучени и дополнителни бонуси, така што вкупната сума би требало да изнесува околу 20 милиони евра. Елмас во дресот на Наполитанците ќе заработува еден милион евра според петгодишниот договор. Наполи веќе ослободи место за Елмас со тоа што го прати Хрватот Марко Рор на позајмица во Шалке.
Што се однесува за Де Лихт, Јувентус се согласи да плати 75 милиони евра, а Холанѓанецот ќе стави потпис на петгодишен договор и енормна плата од 12 милиони евра годишно.