Возбудувањата на Спортската прогноза ќе продолжат и викендов, а во понудата стандардно има 13 интересни меча. Главната мисија на прогнозерите е да се обидат да ги погодат фиксовите на сите понудени натпревари затоа што така се стигнува до Среќна 13-ка и шансата да се одбере еден од главните подароци (смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).
За овие со 12 погодени фиксови следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.
Од мечевите кои се во понудата, еден од најинтертесните ќе биде во германската Бундеслига, меѓу Лајпциг и Баер Леверкузен. Новиот клуб на Елиф Елмас во минатото коло дома загуби од Ајнтрахт, а сега повторно на свој терен игра, и тоа против Баер Леверкузен. Фармацевтите се единствен непоразен тим не само во Бундеслигата туку и во Топ 5 лигите, па ќе биде интересно да се види дали Лајпциг може да се радува.