Елмас и Наполи од среда почнуваат со тренинзи

Наполи потврди дека во среда, 25 март, ќе го одржи првиот тренинг по прекинот на Серија А. Претходно и Лацио потврди дека ќе стартува со тренинзи, римскиот клуб и Калјари од понеделник почнуваат со обврските, додека два дена подоцна и составот на Џенаро Гатузо за којшто настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе се врати во својот тренинг центар.

Наводно, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис и првиот човек на Лацио Клаудио Лотито, биле единствените кои немале ништо против клубовите да почнат да тренираат пред 3 април, до кога трае препораката на Владата во Италија за самоизолација. Иако во целата земја коронавирусот прави раздор и се утврдени над 4.000 смртни случаи, дел од калчолигашите не ја земаат во предвид опасноста дека вирусот може да се прошири во соблекувалните, што веќе се случи кај некои од нив.

Како што е веќе познато, околу петнаесетина играчи од Серија А веќе се заразени од вирусот Ковид-19 и се на лекување, меѓу нив има и фудбалери на италијанскиот првак Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести