Актуелниот италијански првак Наполи по речиси два месеци одмор, започна со подготвителни дуели во пресрет на новата сезона. Со Елиф Елмас во стартниот состав, Наполи одигра контролен дуел против Спал, а на крајот резултатот беше 1:1.
Наполи немаше играно натпревар од 4 јуни кога во последното коло од Серија А со 2:0 ја победи Сампдорија со што само ја потврди титулата која клубот ја чекаше повеќе од три децении.
Стартерите на Наполи играа едно полувреме, а потоа во игра влегоа 11 нови играчи.
Спал поведе со 1:0, а Наполи со гол во 79 минита стигна до реми.