Елмас и третпат сезонава против Реал Мадрид ќе започне од клупата за резерви

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не е во стартниот состав на Лајпциг против Реал Мадрид во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите. Германскиот тим ќе има тешка задача да се спротивстави на најтрофејнит тим во елитната европска лига, а Елмас шансата ќе ја чека од клупата за резерви.

Ова е третпат сезонава Елмас да игра против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Во групната фаза, Кралскиот клуб двапати играше против Наполи, за чиј тим до пред месец и пол настапуваше Елмас.

На првиот меч во Неапол, Елиф во игра влезе во 70-тата минута, кога Наполи загуби со 2:3. Месец и пол подоцна на гостувањето во Мадрид, македонскиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабеу“ во игра влезе во 65-тата минута, а италијанскиот тим загуби со 4:2.

На дуелот во Копенхаген, голем фаворит за победа е Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести