Елмас игра во супер форма, квотата прв да даде гол на дуелот во Франкфурт е примамлива

Ајнтрахт во Франкфурт го пречекува Наполи, а овој дуел е дел од Специјален сингл во Sport Life, а според квотите, гостите се во фаворитска улога. Секако, освен вообичаените игри како за секој дуел, овојпат може да одиграте и на многу екстра комбинации кои треба да го направат гледањето повозбудливо, а, секако, и да се има можност за добра добивка.

Виктор Осимен од Наполи е главен фаворит за стрелец на првиот гол на овој меч, а тука се и Симеоне, Кваратскелија и Лозано од тимот на гостите. На понудата за можен прв стрелец е и Елиф Елмас, кој има коефициент 9 за прв да ја затресе мрежата во Франкфурт. Елмас беше стартер на последниот дуел на Наполи, што значи дека постои опција и сега да биде на теренот од првата минута. Има и комбинација Наполи да победи, а Елмас да постигне гол и тоа се вреднува со квота СЕДУМ.

Може да се одигра и на тоа колку корнери ќе има во првото полувреме или на крајот од средбата, потоа бројот на жолти картони, офсајди и фаули. Секогаш во понудата е прогнозирање на бројот на удари во рамките на противничкиот гол.

Најреално е првиот гол да биде постигнат со нога, а ако тоа биде автогол, квотата е дури 16. Има и комбинации за прв пенал или црвен картон и тие квоти се одлични.

- Оглас -

Најнови вести