10.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Елмас играч на мечот, 15-годишно момче стана најмлад што заиграл во историјата на ЛШ

Наполи и Ајнтрахт одиграа 0-0 во дуел од Лигата на шампионите на кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и го одигра целиот меч на позицијата лево крило.

Дијамантот беше активен и доби најдобра оценка од сите кои настапија.

За негова жал, Наполи не успеа да победи и сега има 4 бода после четири кола во ЛШ.

Вечерва во Прага се испиша историја во најсилното клупско натпреварување во Европа. Макс Дауман со 15 години и 308 дена стана најмладиот фудбалер што заиграл на меч од ЛШ. Досега рекордот го држеше Јусуфа Мукоко со 16 години и 18 дена.

Арсенал со два гола на Мерино и еден на Сака водеше 3-0 против Спарта, па тренерот Артета го стави Дауман во игра во 72-ра минута дозволувајќи му да стане првиот што заиграл во ЛШ пред да наполни 16 години.

Инаку Арсенал е перфектен во ЛШ сезонава, има 4 победи во четири меча и уште не примиле гол.

 

- Оглас -

Најнови вести