19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Елмас играше едно полувреме во кое Наполи даде 11 гола

Нигериецот Виктор Осимен веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за нападот на Наполи, тој постигна три гола за 8 минути во победата од 11-0 против Л‘Аквила и тоа во меч кој траеше само едно полувреме. Наполитанците играа на таканаречен „триаголник“ (три тима секој со секого по едно полувреме), а на вториот меч во кој Наполи славеше 11-0, настапи и нашиот Елиф Елмас.

Претходно, Наполи со друг состав го победи Кастел Ди Сангро со 10-0. На таа средба во тимот на Наполи беше дефанзивецот Кулибали за кој се шпекулира дека летово може да си замине, бидејќи го бараат некои од најбогатите клубови во Европа, во прв ред Манчестер сити. Хет-трик против Кастел Ди Сангро имаше Политано.

- Оглас -

Најнови вести