Само што влезе во игра, Елиф Елмас беше еден од главните креатори на Наполи за првиот гол против Салернитана.
Македонскиот репрезентативец имаше навистина неколку одлични проигрувања, а на крајот акцијата беше крунисана со среќен погодок, по една мешаница.
Најдобро се снајде Пјотр Зјелински во 61-вата минута, а само неколку моменти претходно, Македонецот влезе на теренот.