Елмас имал прво негативен, па позитивен тест, одложено неговото враќање во Италија

Се намалуваат шансите Елиф Елмас да игра за Наполи на дербито против Јувентус в четврток. Елмас е во Македонија, каде што ја чекаше Новата година, а во текот на вчерашниот ден имал по еден негативен и позитивен тест за корона-вирус.

Во Наполи се надеваа дека двата теста ќе бидат негативни и дека Елмас од денеска ќе се приклучи на тренинзите, но неговото заминување во Италија е одложено.

Елмас е во трка и со времето, неговиот настап против Јуве веројатно ќе биде можен само ако денеска има негативни резултати и веднаш замине во Неапол за да одржи неколку тренинзи пред мечот.

- Оглас -

Најнови вести